еМагазин
Image default
Свет

Форбс: Од десeтмината најбогати во светот осум се Американци

Бројот на нови милијардери во САД и во светот лани се зголемил, како и нивното богатство, и покрај ситуацијата со пандемијата, се дознава од годинешната ранг листа на магазинот Форбс на милијардери во светот.

Списокот веќе четврта година го предводи Џеф Безос, основачот на Амазон, со вкупна вреднот од 177 милијарди долари. Директорот на Тесла, Елон Маск, е на второ место со 151 милијарда долари.

Од Американците, во дестмината најбoгати луѓе во светот се и Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт со 124 милијарди долари и Марк Закарберг, основачот на социјалната мрежа Фејсбук, со 97 милијарди долари.

Потоа доаѓа Ворен Бафет од корпорацијата „Беркшајр хатавеј“, кој е на шесто место на листата на Форбс (96 милијарди долари), по него е Лари Елисон од Хаваи, милијардер во областа на софтверот, со вкупна вредност од 98 милијарди долари. Веднаш потоа се Лари Пејџ и Сергеј Брин, основачите на Гугл со 91.5 милијарди и 89 милијарди долари вкупно богатство соодветно.

Во листата се наоѓаат на пример и млади претприемачи кои во 2021 година станале милијардери, како 26 годишниот Остин Расел, кој го прекинал школувањето на Стенфорд за да основа своја компанија за автомобилски сензори, „Луминар технолоџис“.

Од САД е и најстариот милијардер во светот, Џорџ Џозеф, тајкун во осигурителниот бизнис кој годинава наполни 99.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Највисоко предупредување на САД за своите граѓани кои се во Индија: Напуштете ја државата што поскоро

Редакција

(Видео) Повеќе од 2.000 лица загинаа, а околу 6.000 се водат за исчезнати во поплава во Либија

Редакција

Нервоза на Минхенската безбедносна конференција – ова е крај на светот каков што го познаваме

Редакција