Денеска се облежуваат 80 години од крвавиот настан кој се случил на 16 јуни 1943 година, кога беа стрелани 12 младинци од селото Ваташа во близина на Моклиште кај месноста „Чаир“, на 2 километри оддалеченост од Ваташа.
Масакарот го изврши бугарската окупаторска воjска и полициски одреди на чело со капетан Борис Жеглов, поручник Борис Костов и подофицер Петко Опреков под команда на полковник Љубен Апостолов, командант на 56. Велешки пешадиски полк од Петтата бугарска армија.
Денеска беа откриени бисти на убиените младиници и беше отворена спомен соба за нив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Општина Кавадарци
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.