Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која треба да лежи затвор за случајот „Тенк“, објави фотографија од домот, по шпекулациите за можно бегство.
„Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството,“ објави таа на Фејсбук.
На фотографијата која ја објави може да се забележи полициско возило пред нејзината зграда.
Јанкулоска го „чекирала“ и местото каде што живее на Водно.
фото: Фејсбук/Јанкулоска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешната министерка Јанкулоска ќе оди во затвор за случајот „Тенк“, за набавката на „мерцедесот“
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.