еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Баба Доста од Кичево доби над 500 илјади евра на Лото 7

Од Државна лотарија информираат дека Доста Андоноска е добитничката на најновата 7-ка на Лото 7, којашто беше постигната во 95 коло, со вредност од 32. 921.304 денари, комбинација уплатена во продажното место „Детелинка“ – Кичево.

Андоноска е од Кичево, а која блиските и пријателите ја нарекуваат Доли е прекрасна енергична жена, стечаен работник од „Кичево Пром“, денес пензионерка, сопруга, мајка и баба.

-Нашата добитничка дојде во просториите на Државна лотарија со електронската потврда од уплатата на нејзините среќни броеви. Добивката е потврдена, Доста е нашата 27-ма лото милионерка.

Потоа е остварена средба и со генералниот директор на Државна лотарија во срдечен разговор, при што дознавме дека таа игра повеќе од 45 години, и неуморно верува во среќата. Последните години ги игра истите 4 комбинации, а еднинствено ја менува 5-тата, токму таа којашто ѝ ја донесе 7-ката, информираат од Државна лотарија на својата Фејсбук страна.

Од таму најавуваат повеќе информации во следниот период, а засега споделуваат дека таа најмногу се гордее со своето семејство и се радува што сега нејзината верба во среќата ќе им помогне во остварување на желбите и плановите во понатамошниот живот.

На сите им порачува дека за да добиете, мора да сте полни со верба во среќата и со чувство дека ќе добиете. Таа чувствувала дека еден ден ќе добие 7-ка и низ годините учествувала во сите различни видови лото игри.

-Ете, нејзината верба се обистини токму со Лото 7 на Државна лотарија. Возбудени и среќни, честитаме на нашиот нов член во семејството на лото милионерите, велат од Државна лотарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Среќник на Лото доби 7-ка, вредна над 500.000 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени уште 38 пациенти, вкупната бројка 627

Редакција

(Фото) Бесплатен ручек за Божиќ и Бадник на градскиот плоштад во Кавадарци

Редакција

Судски совет ја разреши врховната судијка Лидија Неделкова

Редакција