еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Холандската влада го блокира приемот само на Бугарија во Шенген зоната, не и за Романија и Хрватска

Следната недела, Холандија ќе се согласи Романија и Хрватска да се приклучат на Шенген зоната, но ќе го блокира приемот на Бугарија, објави холандската радиодифузна корпорација.

Холандската влада на вчерашната седница одлучи дека Бугарија се уште не ги исполнува условите за влез во Шенген, посочува овој медиум.

Холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра по состанокот изјави дека се уште е „прерано“ да се постигне согласност за пристапување на Бугарија.

Според него, Холандија може да го преиспита прашањето само кога ќе стане јасно дека Бугарија има ефективно владеење на правото и држава способна да се справи со корупцијата и организираниот криминал.

Проширувањето на Шенген зоната со трите земји е вклучено во агендата на состанокот на министрите за внатрешни работи и за правда од Европската Унија на 8 декември.

Повеќето земји веќе ја донесоа својата одлука. На состанокот министрите мора да постигнат едногласен договор за прием на нови земји. Така, дури и Холандија да е единствената што ќе гласа против, Бугарија нема да добие дозвола за приклучување, забележуваат медиумот.

Холандскиот премиер Марк Руте на прес-конференција изјави дека одлуката да не се поддржи влезот на Бугарија во Шенген не е политичка, туку се заснова на факти. Според него, Холандија не е единствената земја која има сомнежи во врска со ова прашање.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кучињата кои го нападнаа осумгодишното дете во Пинтија се изолирани и ставени под надзор на ветеринар

Редакција

Угостителските услуги поскапи за за 17,4% на годишно ниво

Редакција

Нови 168 случаи на Ковид-19, оздравени 90, нема починати

Редакција