еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Бројот на студенти на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје порасна за 300%

Денеска, по повод официјалното усвојување на одлуката за создавање на универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје во 2015 година, од страна на Собранието на Република Македонија, ректорот Азис Положани одржа конференција на која ги претстави напредоците на образовната институција, и плановите за нејзин иден развој.

„Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, од оваа година започна со студии од втор циклус. За тоа сме посебно горди, поради тоа што овие студии ја надополнуваат нашата мисија да создадеме професионален кадар, кој ќе влијае на развојот на општеството.

Студиите на албански, македонски и англиски јазик, ги водат околу 100 искусни професори и асистенти, кои се столбот на нашата надградба како високо образовна институција“, порача ректорот Положани.

Тој додаде дека 5те факултети за градежништво и архитектура, за информатички науки, за технички науки, за технолошки науки и за социјални науки целат кон развивање на студентите во идни академски граѓани.

За универзитетот тоа е значајно поради фактот што студентите се иднината, и нивната мотивација и поттик за напредок ќе ја подобри економијата во државата на долг рок. Како што порача ректорот: „Студентите се на прво место!“.

Првата академска година во 2016та универзитетот ја започна со 218 студенти, а во 2017та година бројот на регистрирани студенти достигна 492.

Академската година 2018/2019 стартуваше со 656 нови студенти, со што вкупниот број на студенти на УМТ достигна 1.426.

Тоа претставува зголемување за околу 300 проценти од првата до последната година.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје има воспоставено соработка со универзитети од државата и од земји во регионот и Европа, и тоа од Албанија Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Италија, Турција, Велика Британија и многу други.

Моментално се активни 22 договори со универзитети и 9 договори со специјални институции. Со нив редовно се разменуваат вредности и искуства.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ресторанот „Four“ преку хуманитарна акција обезбеди прибор за деца

Редакција

Седумдесет и девет годишна жена од Пепелиште шие заштитни маски и ги подарува

Редакција

Подарете на најблиските патување во Швајцарија сo Revalid®  

Редакција