Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска го прославува 48-роденден, а во ист ден е роден и неговиот син Калин.
„Фала ви знајни и незнајни добри луѓе на честитките, срдечноста и убавите желби! Од мене и од син ми Калин, за кого имав среќа да се роди на мојот роденден: да сте живи, здрави, среќни и исполнети, со љубов, верба и надеж, и со сите ѕвезди ортаци,“ напиша Димитров на неговиот фејсбук-профил.
Тој е во работна посета на Германија, а денеска имаше средба со Јан Хекер, главен советник за надворешна и безбедносна политика на канцеларката Ангела Меркел.
Фото: Фејсбук/Димитров/Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.