еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото) Еко автобуска постојка од која што се земаат пакетчиња со семиња – нова инсталација од Халкбанк

Нова еко автобуска постојка со зелен и воедно одржлив покрив доби градот Скопје од страна на Халкбанк АД Скопје во рамките на заложбите и активностите на банката за заштита и зачувување на животната средина, а кои што се реализираат преку платформата ХалкЕко, информираат од Банката.

Новата зелeна постојка е лоцирана во Општина Карпош, спроти поранешната фабрика Алумина и истата, освен што има зелен покрив прекриен со растенија, овојпат на граѓаните им ја нуди можноста од неа да земаат пакетче со семиња од различни растенија.

Првата еко постојка Халкбанк ја постави во општина Аеродром пред трговскиот центар Бисер, како прва и единствена од ваков вид во земјава. Постојката што беше поставена пред речиси три години и денес, освен што на патниците им нуди убава заштита од временските влијанија, претставува уште еден придонес кон зголемување на зеленилото во главниот град.

„Зелените постојки се дел од многубројните еко активности организирани или поддржани од Халкбанк АД Скопје и сите тие претставуваат наш придонес за збогатување на зеленилото во земјата, но и за подигање на еко свеста и одговорното однесување кон околината.

Овие цели ги промовираме и истите се изразени преку нашата ХалкЕко платформа – во рамките на која заедно со нашиот партнер Мастеркард целиме кон поттикнување здрави животни навики и заштита на животната средина“, велат од дирекцијата за корпоративни и маркетинг комуникации на Халкбанк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Текстилната индустрија огромен загадувач: Секој тон обработен текстил, генерира од 15 до 35 тони јаглерод диоксид

Редакција

(Видео) Горат „белите дробови“ на планетава: Во Амазон пожар на територија голема колку Велика Британија

Редакција

Студија: Во светот би се испуштале речиси 700 милиони тони помалку штетни гасови ако сите возат велосипед

Редакција