еМагазин
Image default
CHECK IN

(Фото) еМагазин во Токио: Денеска секој може да биде самурај

Многумина од Вас сигурно слушнале за брзите возови во Јапонија или за тоа колку Јапонците се по редот, точноста или правилата. Бидејќи овие работи се воглавно познати, еМагазин директно од Токио преку серијал ќе се обиде да Ви пренесе и други интересни и невообичаени работи за кај нас.

Кои биле самураите?

Јапонците имаат голема почит кон традицијата и минатато, кои се негуваат и „продаваат“ низ светот преку различни форми. Па така не ни е чудно кога луѓе во Македонија слушнале за самураите или нинџите.

Секако комплетната слика за нив е сосема поинаква, кога ќе ја слушнете од локалците.

Токио е град полн со музеи, а мене лично ми остави впечаток тој посветен на самураите, кој се наоѓа во делот од градот кој се вика Шинџуку.

Самураите биле припадници на војничка каста во феудална Јапонија, со големи привелегии и имале моќ како на пример денешните градоначалници, државни секретари или министри.

Над нив се шогуните и императорот.

Турата во музејот кој има претежно експонати од приватни колекции трае околу еден час, а има оргинални поставки, стари и до 800 години. Најскапиот предмет е оружје, кое како што објасни водичот низ музејот, вреди колку еден стан во центарот на Токио (види фото).

Приказните кои ќе ги слушнете овде се фасцинантни. Знаете ли зошто и како храбрите самураи извршувале самоубиство? На таков чекор се одлучувале кога гледале дека ја губат битката, несакајќи да паднат во рацете на соперничките самураи.

Самоубиството го прават со нож, со кој го сечат стомакот, бидејќи верувале дека духот на човекот (како и будистите) е таму.

Бидејќи за да почине на ваков начин му е потребен половина ден, тука е „пријателот“ кој го „докрајчува“ со сечење на гркланот.

Самурај неможел да стане било кој. Тоа било фамилијарна работа. Синот го наследува таткото.

Денеска во музејот самурај може на неколку минути да стане секој. Музејот бесплатно на секој што сака му дозволува да облече реплика од тешката опрема (и над 50 килограми, сосе оружје) и да направи фотографии.

Секако имате и продавница со разни сувенири, можете да сликате се што сакате, но не и да правите видеа и секако да не ги допирате експонатите.

Во близина на овој музеј е и тој на нинџите, кои всушност биле земјоделци, каста пред самураите. Водичот ни објасни дека тие биле шпиони и по модерно платени убиции, сосема друга димензија на приказната која ние ја знаеме во Македонија.

Тој музеј го оставив за друга прилика.

ПРОДОЛЖУВА…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Скопското кафуле “Тренд“ во ново руво

Редакција

(Фото) Маички со Тито во Скопје се продаваат како алва

Редакција

(ГАЛЕРИЈА) Отворен уникатниот „Лимак Скопје Хотел“ со пет ѕвездички во центарот на Скопје

Редакција