еМагазин
Image default
CHECK IN

(Фото) еМагазин во Токио: Идеално место да ги оставите цигарите

Многумина од Вас сигурно слушнале за брзите возови во Јапонија или за тоа колку Јапонците се по редот, точноста или правилата. Бидејќи овие работи се воглавно познати, еМагазин директно од Токио преку серијал ќе се обиде да Ви пренесе и други интересни и невообичаени работи за кај нас.

Тешко на пушачите

Како за инат на страсен пушач му се погоди да лета околу 10 часа од Москва, за Токио, од аеродром на кој нема пушачка зона, ниту пак некое кафуле каде може да се пуши, што е типично за повеќето аеродроми.

Некако го преживеав летот и деталниот преглед на аеродромот во Токио, вклучувајќи и фотографија и отисок на прсти и едвај чекав да излезам надвор да земам некое кафе и со ќејф да испушам цигара.

А надвор нели освен технолошкиот шок, уште еден. Футуризмот беше нешто што го очекував, ама не и дека пред влезот на аеродром ќе треба да се пикнам во зачадена до максимум, минимална „кутија“ и таму да пушам.

Си викам ај вака им е можда за улицата пред аеродром.

Не се пуши ни на улица

Движејќи се низ разни места додека да стигнам до крајната дестинација во која престојувам, гледам ама баш никој никаде не пуши. Ама баш никаде. Си викам не е можно да нема пушачи.

За брзо откривам дека во некое кафулиња има одвоен простор за пушачи, заграден со ептен дебели стакла, а го приметувам и знакот по улиците дека е забрането пушење. Да по улица. И во центар и во перифирија и било каде. За паркови да не зборувам.

Локалците ми објаснуваат дека правилото важи веќе неколку години, за да не се фрлаат отпушоци по градот, кој е повеќе од беспрекорно чист. Ама баш буквално нема никакво ѓубре по улиците, иако кантите за отпадоци се вистинска реткост.

Јапонците кои живеат во потрошувачко општество во секоја смила смислиле како да заработат и од ова, па можете да си купите и џебна пепаљара. Нормално си купив и јас.

Следното открите од зорт ми беше дека низ градот има пушачки точи.

И овде луѓето релаксирано, без проблем си пушат.

Најчесто млади Јапонци или странци како мене.

Пушачките зони не се чести, а интересно е дека дискретно ги и има странично до некои поголеми супермаркети.

Ги има и во поголемите трговски центри и згради, а јас станав махер за нивно откривање.

Подоцна кога патував низ Јапонија, открив и дека на паркинзите по автопатите исто така има посебни места за пушење. Со клима уред, со телевизор на кои одат најновите вести, но и реклами за електронски цигари. Цигари се рекламираат само на такви места.

Токио и Јапонија се идеални места за откажување од цигирари, нема дилема за тоа. Нормално, има и некој кој го крши правилото, препоставувам погодувате кој би можело да биде тоа.

ПРОДОЛЖУВА….

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Рагуза: Задоволство и предизвик ни беше да готвиме за папата Франциск

Редакција

(Галерија) Bocca Di Lupo: Нова софистицирана приказна со вкусна храна, пријатна музика и уникатен изглед

Редакција

Бонбониера и кафетерија „Краш“ отворена во Тафталиџе, за сладокусци и љубители на кафе

Редакција