еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(ФОТО) Филипче: „Брза партија фудбал, секогаш е добра идеја“

Министерот за здравство Венко Филипче вчера беше во посета на Битола, каде што, за првпат после 70 години се реализираше комплетна обнова на внатрешните простории во Здравствениот дом „Хаим Абраванел“ во Битола.

Овој проект опфаќа комплетна обнова на внатрешните простории, ходниците, работните простории, педијатриската служба, вакциналните пунктови, превентивната служба, превентивната стоматологија и делот кадешто се чуваат вакцините од редовниот календар.

Во пауза од средбата со директорката Весна Спиркоска,  целокупниот медицински персонал и градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, Филипче се придружи на играта со топка на дете кое го сретна пред хотел „Капри“.

„Брза партија фудбал, секогаш е добра идеја“, напиша Филипче на неговиот Фејсбук-профил.

Фото: Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Малиот Михаил за четири часа доби можност за нормален живот

Редакција

(Видео) Како изгледа играта фрлање на деца низ прозорец од школо, поради која беше повредено девојче

Редакција

ЦУК предупредува на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците, поради најавите за нестабилно време

Редакција