По повод 1 Мај – Денот на трудот, утрово со премиерот Зоран Заев дарувавме крв во Службата за трансфузиона медицина во Струмица, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук-профил.
„Постапката е многу едноставна, а вработените во Трансфузија се љубезни и пријатни при целиот процес на дарување крв. По дадената согласност, следува здравствена проверка, а потоа во пријатна атмосфера со почитување на сите мерки за заштита од вирусот Ковид-19, ја завршивме оваа многу лесна постапка.
Дарувањето крв може да спаси живот, само со едно ќесе крв може да се подобри здравјето на 3 до 4 пациенти. Бидете хумани, дарувајте крв! Крводарителството е хумана човечка вредност“, напиша Филипче.
Фото: Фејсбук/Филипче
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.