Граѓани на социјалните мрежи се организираат да ги спречат бугарските државјани, кои најавија дека доаѓаат во Скопје на 4. февруари за обележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Освен најави за „ноќна стража“ од 3. февруари пред црквата Свети Спас, каде е гробот на Делчев, во повик кој се шири на Фејсбук се повикува и на блокада на патиштата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
-Народот се организира на социјалните мрежи: Бугарите нема да стигнат ниту до кумановска патарина – со трактори ќе се блокира патот.
Кумановци повикуваат на блокада на патарината кон Скопје за да не се дозволи бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев, стои во статус на Фејсбук, кој се споделува.
Од МВР најавија дека ќе го обезбедуваат одбележувањето на раѓањето на Делчев, а на седница на Советот за безбедност беше отценето дека станува збор за настан со висок ризик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Џамбаски доаѓа во Скопје на 4 февруари и му се закани на Пендаровски со атентат
МВР ќе го обезбедува одбележување на раѓањето на Гоце Делчев во Скопје