еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Претседателот Пендаровски се вакцинираше во Куманово, за да покаже дека низ цела земја се даваат исти вакцини

Претседателот Стево Пендаровски денеска во вакциналниот пункт на ЈЗУ Здравствен дом Куманово, во спортската сала на СОУ „Перо Наков„, прими вакцина против Ковид-19.

Во согласност со националната кампања за вакцинација, Пендаровски одлучи заедно со членови од  Кабинетот да се вакцинира во оваа Општина со цел да  ја подигне јавната свест за потребата од масовна вакцинација.

„Термин за вакцинирање јас добив за вчера, меѓутоа бевме на еден службен пат кој беше одамна закажан, бевме и на регионален собир. Одлучив да се вакцинирам во друг град, бидејќи има шпекулации, дезинформации наводно дека едни вакцини се даваат во Скопје, други вакцини се даваат во други градови.

Затоа е добро да ја разбиеме таа шпекулација, мислам дека е добро и за другите, и за останатите што се на функција да го направат сличното.

Јас сакам, на 8 јуни кога треба да ја примам втората доза, истата да ја примам во некоја трета општина, мислам дека тоа е добро за да им покажеме на луѓето дека сите вакцини што доаѓаат во земјава се проверени, сите тие се ефикасни и не треба да имаат никаков сомнеж.

Треба што побрзо да го направат тој чин затоа што е добро што побрзо да се вратиме во нормала и во приватните животи и во она што е професија“, рече меѓу другото во изјавата по вакцинирањето  Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) И вицепремиерот Битиќи се вакцинираше против Ковид-19: Лежев во болница и бев на работ на егзистенција

(Фото) Денеска и Димитров се вакцинираше против Ковид-19: Го доживеав како свечен чин

(Фото) Се вакцинираше и министерот Бектеши

(Фото) Космонаутко го вакцинираше и министерот Бојан Маричиќ

Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема договор за СЈО: За што не се усогласија власта и опозицијата

Редакција

На 67-годишна возраст почина легендарниот актер Митко Апостоловски

Редакција

Убава вест: 273 оздравени од Ковид-19

Редакција