еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Џиновски сом од 50 килограми уловен во Дојранското езеро

Спортските риболовци Никола Полизовски и Александар Христоманов од Струмица вчера околу 17 часот уловија сом тежок точно 50 килограми во Дојранското езеро.

„Сомот го уловивме со техника „бучка“, со мамец жива риба. Се подготвуваме да излегуваме и во тој момент рибата силно повлече. Капиталецот го влечеше Александар околу дваесетина минути, а јас го прифатив во чамецот, односно зеднички го извадивме на безбедно“, раскажува Никола Полизовски.

Сомот е најголема уловена риба на двајцата рибари досега и е меѓу поголемите од овој вид фатени во државата.

МИА/Фото: Фејсбук/Корморани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Патнички воз излета од шини и удри во метален столб во Скопје

Редакција

Скопјанец извршил неверојатни измами: Од транспорт на починато лице до огномет во гостилница

Редакција

Убава вест: Оздравени 50 заболени од Ковид-19

Редакција