Искршена е новата плоча со имињата на осумте припадници на безбедносните сили, кои загинаа во маскарот кај Вејце, а беше поставена таму на 28 април од страна на политичката партија Левица, информираат од таму.
На фотографијата објавена од партијата се гледа дека се уништени цвеќињата и свеќници, а стои само плочата со имињата оставена од Одборот на бранители.
– Со племенски манири, територијални претензии и никаков соживот нема чекор кон Европа и светот. Во 21 век кога светската цивилизација претендира да се колонизора на Марс, Албанците од Tетово преку вандализам и рушење на сé што е македонско се враќаат во камено доба.
Имено, осквернавени се поставените плочи во чест на масакрираните бранители во Вејце од 2001 година, кои ги поставија лидерите на Левица, Апасиев и Крмов, но и другите присутни.
Секоја година сликата е иста, а државниот врв е нем и глув на уринирањето врз историјата и државноста од страна на албанското малцинство кое дивее врз државата која ги храни и вдомила.
Сите функцуонери целите кон Европа и Запад, а самите знаете дека со ваков “соживот” не се оди никаде. Се сликате по медиуми и со претставници на Европската заедница, а општеството ви е труло.
Вечна им слава на македонските бранители, гробот вечно ќе им се знае, бидејќи не можете толку да искршите колку што ние може да поставиме, соопштија од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И по 22 години од масакрот кај Вејце загинатите бранители се уште немаат споменик
Фото: Левица