еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото) Кајакарење пред Владата

Активистите утрово кајакареа по бетонската река пред Владата за да ја подигнат свеста кај јавноста за значењето на недопрената природа и прекрасните речни долини и кањони на Балканот.

Еко-свест заедно со ФРОНТ 21/42 покренаа петиција за стопирање на изградбата на хидроенергетски проекти во заштитените подрачја низ Македонија која сеуште е отворена за потпишување.

Во последните три дена Македонија беше дел од кампањата „Balkan Rivers Tour“, односно „Кајакарeње по балканските реки“.

Со турнејата, тимот на Balkan Rivers Tour дава поддршка на локални иницијативи што имаат заедничка цел – да ги заштитат последните слободни реки во Европа.

Турнејата вклучува кајакарење по 23 реки низ 6 држави во 39 денови, почнувајќи од Тепелене, Албанија па се до Љубљана, Словенија, вклучувајќи ја и реката Радика во Националниот парк Маврово. Во рамки на овогодинешната турнеа премиерно се прикажуваше и документарниот филм ‘’The Undamaged” (‘’Неоштетените’’) снимен за време на турнеите во 2016 и 2017 година.

„Борбата за последните слободни реки е борба на обични луѓе за да ги зачуваат своите заедници, својот начин на живот!“, рече Рок Розман организатор на турата, и националниот тим на Синото срце на Европа на вчерашното премиерно прикажување на филмот во Скопје.

Во Македонија, речиси сите реки се под големи директни и индиректни антропогени притисоци, во најголем дел од акумулации изградени на нив. Планирани се над 400-тина хидроенергетски проекти само во нашата земја. Половина од нив во недопрена природа во најживописните речни долини.

Пресушувањето на овие реки и уништувањето на нивното речно корито значи уништување на ретки и ендемични видови флора и фауна кои се дел од пошироки екосистеми дел од кои е и човекот.

ООН уште во 2004 предупреди дека до 2025, 1800 милиони луѓе ќе живеат во земји со недостиг на вода за пиење. Пресушувањето на реките ги доведува во опасност изворите на питка вода за жителите на многу локации во Македонија.

Фото: Еко-свест

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска сончево и топло, од четврток промена на времето

Редакција

Агенцијата за задолжителни нафтени резерви купи гориво од Супертрејд за над 1 милион евра

Редакција

ЈПКД Комуналец – Струмица склучи договор со Енерџи деливери солушнс вреден 575,6 илјади евра

Редакција