еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Како ќе изгледа накитот „Флора вс Фауна“ кој утре ќе биде изложен во Природно-научниот музеј

Утревечер, (среда) со почеток во 20 часот, во еден од најстарите музеи во Македонија, Природно – научниот музеј во Скопје, во организација на „KAPKA Jewelry“ ќе биде отворена групна (меѓународна) изложба на современ накит насловена „Флора вс Фауна“

Петмина извонредни дизајнери ги здружија своите креативни сили и создадоа прекрасни парчиња под заедничко име „Флора вс Фауна“.

Јоана Арделеан од Романија, Симеон Шомов од Бугарија и Јана Ацевска, Биби Клекачкоска и Глигор Кузмановски од Македонија, инспирирани од тематиката за флората и фауната, направија единствени парчиња накит, кои можат да се погледнат во необичните простории на Природно-научниот музеј.

„Идејниот концепт за изложбата, кој одамна тлее во мене веќе наиде на позитивни коментари и во иднина планирам да ја поставам и во други музеи низ регионов. Јоана ја запознав пред две години кога изложував на Аутор во Букурешт. Таа е архитект по професија и ме привлече нејзиниот специфичен минималистички пристап кон нејзините парчиња накит. Симеон ми е исто така драг колега од Софија, кој наедно е извонреден дизајнер. Знае многу вешто преку својот накит да раскажува свои приказни.

Со Биби и Глигор имаме долгогодишна соработка и интересно е да следам како созреваме и се развиваме во полето на современиот накит. Самата тема за изложбата некако се наметна од просторот и обратно. Живееме на прекрасна планета. Полна со живот. Токму оваа планета секојдневно не воодушевува и инспирира. Секоја педа земја е единствена по својата убавина, полна растенија и животни, кои се избориле да опстанат овде со нас… Па оттука добивме и инспирација, која не понесе нас петмина и не донесе до овој момент што сакаме да го споделиме со јавноста“ објаснува Јана Ацевска, дизајнер на накит и идеен творец на изложбата.

Постановката ќе биде отворена се до 30 септември и посетителите ќе можат да ја погледнат во овој период од 9 до 16 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Mavrovo Maximum Adventure 2019“ – најголем тим билдинг настан во регионот

Редакција

Избрано победничкото решение за соларен полнач и паркинг за велосипеди кој што ОКТА ќе го донира на УКИМ

Редакција

Кампањата за зголемување на бројот на донори „Биди срцевина, биди херој“ во недела ќе биде дел од трката Скопје трча

Редакција