еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Кирковски испишува историја: Не беше лесно, имав проблеми со мрзнење на стапалата на Аконкагва

Александар Кирковски испишува историја во планинското трчање во Македонија, бидејќи постигна уште еден неверојатен успех, највисокиот врв во Јужна Америка, Аконкагва го качи и симна за помалку од десет часа.

„Не беше се така лесно, а во одреден момент и под знак прашалник поради проблеми со мрзнење на стапалата. Го дадов својот максимум, физички и психички најдоброто од себе во овие околности.

Благодарам на сите кои придонесоа ова да се случи, ќе ги набројувам во наредна прилика. Имаме пионерски потфат во балкански рамки и резултат вреден пошироко, направен со години труд и ентузијазам.

Нека биде мотив за многу идни генерации планински спортисти! Јас со љубов го посветувам на Наталија Крстевска за целата поддршка во минативе над 5 години, а истовремено и на големите пријатели од планината Калина и Ачко кои прерано не напуштија минатиот фебруари. Ми беа во мислите!“, вели тој.

Кирковски во балкански рамки за најбрзо време има искачено голем број на врвови во регионот, кои се технички захтевни.

Фотографијата на Кирковски е направена по враќањето во цивилизација, откако 15 дена помина во аклиматизација и чекање на поволен момент за да го искачи врвот.

Фото: Александар Кирковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Банките не смеат да наплаќаат за затворање платежна сметка, дебитни и кредитни картички ако договорот е постар од шест месеци

Редакција

Македонците повторно на вакцинација викендов во Врање: Во организација на „Спона“ ќе бидат вакцинирани 800 граѓани

Редакција

СЗО даде „зелено светло“ за користењето на вакцината против Kовид-19 на „Фајзер“ и „Бионтек“

Редакција