Крушево е бајка за божикните празници. Да беше во друга држава, одамна ќе беше споредуван со Сент Мориц на Балканот. Ги има сите предуслови за тоа. Веќе постоечкиот ски-терен ќе беше реновиран, и ќе беше вложено во него. Ќе беа пуштени во употреба и други ски-терени, а градот ќе си ја збогатеше понудата.
Кон убавиот впечаток за градот придонесува и новиот ресоран во хотелот „Панорама спа“.
За празниците градот е преполн и се бара место повеќе. Треба да е така, во текот на целата година, бидејќи градот на Тоше го заслужува тоа.
Исто така, не дозволиво е овој туристички центар да нема фејсбук-страница. На Фејсбук единствено може да се најде страницата Томе Христоски – градоначалник на општина Крушево. Во ред е да се промовираат активностите на градоначалникот, но уште подобро е да се промовираат убавините на Крушево и што овој центар нуди.
Фото: Фејсбук-страници на хотелите Монтана и Панорама
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Крушево доби нов луксузен хотел Панорама спа