еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Македонија отвори почесен конзулат во Едрене, за конзул именуван Есер Џевахир

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска го отвори Почесниот конзулат на Македонија со седиште во Едрене. За почесен конзул е именуван Есер Џевахир и ќе ги покрие регионите Киркларели и Текирдаг.

– Задоволство ми е да во овој прекрасен град го отворам првиот почесен конзулат на РС Македонија во регионов, кој сигурен сум дека ќе биде дополнителен поттик за понатамошно зацврстување на традиционално блиските и пријателски односи помеѓу РС Македонија и Р Турција, истакнал Османи во своето обраќање пред присутните гости, информираат од Министерството за надворешни работи.

Отворањето се случува на 30 годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји, а потенцијалите за продлабочување на економска соработка, културната, туризмот, енергетиката , градежништво и инфраструктура се огромни.

– Но, не застануваме тука, туку целиме таквата соработка да ја прошириме и во конкретни проекти за што убеден сум, дека во голема мера ќе придонесе и нашиот почесен конзул Џевахир, рекол Османи, се наведува во соопштението од МНР.

Во рамки на престојот во Турција, Османи остварил средба со  гувернерот на Едирне, Хусејин Куршат Кирбијик, со кој дискутирале за севкупната размена меѓу двете држави, со посебен осврт на соработката со регионот на Едирне, кој е важен индустриски и туристички центар на Турција.

Османи имал средба и со голем број студенти од Македонија кои студираат на Универзитетот Тракија во Едирне.

Во неформална атмосфера, се разговарало и за актуелните надворешно-политички случувања во Македонија, вклучително и активностите околу претстојното претседавање со ОБСЕ, со А5 и ПСИЈЕ, како и предизвиците со кои се соочува регионот и светот.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска бара кривично да се гони поранешниот министер за култура Хусни Исмаили, заради сомневање за злоупотреба на службената положба

Редакција

Од Ковид-19 починале девет лица, дополнително пријавени уште осум

Редакција

Косово не одговара на барањата на Македонија за екстрадиција на обвинетите за „Монструм“, Демири и Исмаиловиќ

Редакција