еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

(Фото) Македонската и грчката полиција вторпат во една недела спречија меѓународен транспорт на дрога во вредност од 200.000 евра

Министерството за внатрешни работи информира за заедничка акција со грчката полиција синоќа, во која бил спречен меѓународен транспорт на дрога на јужната граница, со вкупна вредност од 200.000 евра.

Најдени се околу 40 килограми марихуана во две торби и приведени двајца државјани на Албанија.

МВР денеска соопшти дека граничната полиција од Регионалниот центар Југ вчера во 23.30 часот во близина на местото викано Вршник Бара, непосредно покрај граничната линија со Грција,  забележала две лица кои од територија на Македонија исфрлиле две торби преку жичаната ограда на грчка територија, а потоа и самите ја преминале граничната линија.

Поради сомнеж дека во торбите се пренесува марихуана, Регионалниот центар Југ во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, ја известиле Службата за дрога со седиште во Килкиз и грчката гранична полиција и со заеднички и координирани активности на полициските службеници од двете земји за кратко време се пронајдени двете торби во кои биле сместени околу 40 килограми марихуана.

Малку подоцна, соопшти МВР, од слобода биле лишени В.Х. (36) и Е.Џ. (52), двајцата државјани на Албанија.

Грчката полиција ги задржала за понатамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

-Ова е втора ваква заедничка акција од почетокот на август помеѓу двете полиции, при што и во првата беше спречен транспорт на 40 килограми марихуана, како резултат на разменети информации помеѓу Секторот за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција, Регионалниот центар Југ и Службата за борба против дрога од градот Килкиз, информира МВР.

Во првата акција, на територија на Грција, лишен од слобода е грчкиот државјанин Ј.С., кај кого била пронајдена марихуаната.

МВР нагласува дека брзите и успешно реализирани акции за спречување меѓународен транспорт на дрога се резултат на добрата соработка меѓу службите за борба против дрога и граничната полиција од двете земји и дека таа ќе продолжи и во иднина за да се спречи секаков вид прекуграничен криминал.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела 12 смртни случаи од Ковид-19, најмногу од Скопје, 8

Редакција

По пауза од еден месец поради железничката несреќа, товарен воз од Атина стигна во Солун

Редакција

Европска Унија со санкции за Путин и Лавров, ќе им го замрзне имотот

Редакција