После големиот успех и соработката со најпознатиот моден двоец D&G (Долче и Габана) на нивната кампања и ревијата, нашиот врвен модел Ивана Манас повторно се враќа на голема врата во модниот бизнис.
Минатиот месец престојуваше во Атина па покрај другите ангажмани го изработи модниот едиторијал за престижниот ELLE магазин. Зад целиот овој проект стои професионалниот тим на магазинот, а прекрасните локации беа во околината на Атина.
„Ивана веќе има големо и богато модно портфолио како модниот едиторијал за магазинот Vanity Fair, кампањата за брендот Арабал, ревијата за фасцинантниот дизајнер Rick Owens и многу други.
Во моментов се договара новата сезона и дали ќе се врати во Милано или пак овој пат ќе отиде за Париз останува да видиме,“ велат од нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент од Скопје.