еМагазин
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Меѓународен турнир во забрзан шах Алкалоид 2019

Традиционалниот отворен меѓународен турнир во забрзан шах (популарно рапид) Алкалоид 2019 и оваа година со нов рекорден број од 168 учесници од 6 држави, од кои 32 со меѓународни титули, а покрај нив и голем број шахисти аматери и вљубеници во оваа игра.

Со освоени 8 поени (7 победи и две реми) на врвот на турнирската табела се најдоа двајца велемајстори.

По дополнителниот критериум, првото место му припадна на македонскиот репрезентативец ВМ Кирил Георгиев, а второто на ВМ Бобан Богосављевиќ од Србија.

Зад нив следи група од 6 шахисти со по 7 поени ( од 9 партии), која ја предводеа членовите на ШК Алкалоид ИМ Филип Панчевски, ИМ Дејан Стојановски и ФМ Тони Лазов, потоа ВМ Горан Тодоровиќ од Србија, ИМ Никола Николовски (ШК Гамбит Ассеко) и ФМ Марио Ливаја од Србија.

На турнирот земаа учество и 39 јуниори до 18 години, од кои посебно се истакна 14годишните Стојан Велкоски од ШК Алкалоид и Ташев Александар од Бугарија со освоени 6 поени.

Најуспешна шахистка беше македонската репрезентативка и членка на ШК Алкалоид ФИДЕ Мајсторот Моника Стојковска со 5 поени.

Турнирот, кој се одржува осма година по ред, помина во беспрекорна организација, препознатливата позитивна, фер атмосфера, покрај со признак на шаховски празник кој ги следи настаните во организација на ШК Алкалоид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Park hotel & spa трета година по ред поддржувач и партнер на најголемиот спортски настан во градот

Редакција

(Фото) Драчево го доби 12. по големина крст во светот

Редакција

НЛБ Банка, една година патронство над пациентите со цистична фиброза

Редакција