еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Милош кој немаше финансии за кардиолошки прегледи, утрово е прегледан

Приказната за Милош Трајановски (9) кој со магаре оди на училиште, а некогаш и пешки ја потресе македонската јавност. Воедно,тој има и здравствено проблеми, односно имал операција на срце, па поради финансиска неможност, не извршил прегледи.

Откако „Телевизија 24“ покрена хуманитарна акција, на деветгодишниот Милош, утрово му беа направени потребните здравствени прегледи, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

„Драго ми е што резултатите од електрокардиографијата и ехокардиографијата се во граница на нормала и тој е добар, во стабилна здравствена состојба. Се договоривме за една година повторно да дојде на преглед. Милош ќе расте во здраво дете и ќе биде наш иден спортист“, објави Филипче на неговиот фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Милош оди со магаре на училиште, опериран е на срце но нема финансии за контроли

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот за економија Крешник Бектеши позитивен на Ковид-19

Редакција

(Фото) Вицепремиерот Маричиќ и министерката Тренчевска на Парадата на гордоста

Редакција

Д-р Олумчев: Изградивме хибриден имунитет кој есенва ќе нè штити од нови корона-соеви и од други респираторни вируси

Редакција