еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Невреме предизвика штети и поплави и во Берово, Пехчево и кичевско

Невреме проследено со грмежи, пороен дожд и врнежи од град денес го зафати Берово.

Поради големината на врнежите од град, жители јавуваат за оштетени автомобили, а од видеата објавени на социјалните мрежи од страна на граѓаните, забележлива е големата количина на вода низ градските улици.

Во соседната општина Пехчево исто така забележани се поројни дождови поради што регистрирана е обилна количина вода по улиците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Оштетени кровови на куќи и автомобили, поплавени домови и улици од силното невреме во Охрид

(Видео+фото) Охрид побеле од град: Силно невреме ги поплави улиците и предизвика штета

Покрај Охридско-струшкиот регион, според информациите на Центарот за управување со кризи, невреме со дожд и град денеска го зафати и кичевскиот регион.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што знаеме за новата опасна варијанта на коронавирусот – омикрон, кој има најмногу мутации досега

Редакција

Рекордни 310.000 пензионери во Македонија: Просечната пензија 14.455 денари

Редакција

Денеска почнува пролетта

Редакција