еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Невреме во Делчевско: Паѓаше град со големина на орев

Невреме проследено со град, денеска попладне го зафати делчевскиот регион. Во селото Очипала граѓани информираат дека градот бил со големина на лешник, додека градоносни врнежи се регистрирани и во неколку останати села.

– Во село Очипала врнежите од град беа нешто поголеми од форма на крупен лешник. Од штети првично може да констатираме дека е забележливо издупчување кај компирот и гравот. Врнежите потоа беа мешани во комбинација на град и обилен дожд, вели Драго Ристовски, жител на селото Очипала.

Врнежи од град со големина на орев се регистрирани и на планината Голак, каде освен издупчување на градежни материјали и возила, поголеми штети не се забележани.

– Големи штети овде нема, бидејки сме во планина, освен штетите на возилата и дел од лимаријата, додава Стево Богдановски, кој крупните зрна град ги регистрирал кај својата викендичка на Голак.

Поради обилните врнежи попладнето во Пијанец се вози по влажни коловози, а како што јавуваат возачи, регистрирани се и поситни одрони долж патниот правец Делчево – М.Каменица, кој е дел од магистралата А3.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради зголемен обем на работа: УЈП вработува десет лица, плата до 28.568 денари

Редакција

Македонија2025 предлага план за забрзан економски раст и нуди поддршка за неговото спроведување

Редакција

Тринаесет лица се осомничени за престрелката пред казино во Тетово, за петмина е определен притвор

Редакција