Два дена исполнети со спорт на најтешкото атлетско натпреварување, триатлонот, го преплавија Охрид со позитивна енергија. Македонската триатлон федерација заедно со Спорт за сите – Сите за спорт имаа одлична организација на ЕТУ Балканското првенство во триатлон.
Натпреварувачите се бореа во неколку фази прераспределени во различни формати. Првиот ден, 15-ти септември, во Елит категоријата (750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање) од мажите први 3-ца беа Огњен Стојановиќ, Пеер Сонксен и Јакопо Бутурини, а од жените Вида Медиќ, Ипек Озтосун и Еце Цалп. Од јуниорите (со исти патеки од 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање) од женска категорија победија Тјаша Вртациц, Тил Очвирк, Ивана Граноша, а од машка Лука Гргориниц, Јан Шкрјанц и Ерик Рогоз Лоринц. Кај кадетите (375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање) најдобри беа Емир Арици, Габријел Барац и Таха ерен Чошгун од машка категорија, и Илкбен Сариташ, Лана Гравриловиќ, Сара Сзабо од женска.
На 16-ти септември се оддржа натпреварувањето по возрасни групи, за деца под 12 години и штафетниот триатлон во мешани парови. Резултатите од возрасни категории беа:
– до 30 години прв беше Кристофер Даглас, втор Лука Гаревски и трет Кирил Дичевски од мажите, а прва беше Јелена Томашевиќ и втора Ања Еклер од жените.
– од 30 до 39 години прв беш Евгениј Василев, втор Метин бариш Илхан и трет Никола Кутановски од мажите, а прва Гулчин дениз Салпар и втора Илина Арсова од жените.
– од 40 до 49 години прв беше Игор Димовски, втор Хакан Алп и трет Миливојевиќ Дејан, а од жените прва беше Антонија Брезовска, втора Зејнеп Ајкан и трета Гунце Топал.
– над 50 години имаше натпреварувачи само од машка конкуренција и прв беше Младеновиќ Драгиша, втор Зекаи алптекин Тан и трет Мехмет Акарцала.
Од штафетниот маратон првото место го освои тимот од Хрватска, а второ и трето место го освоија 2 различни тима од Турција.
Во детска категорија под 12 години се натпреваруваа околу 30 деца и целата атмосфера беше исполнета со среќа и радост. Овој триатлон ќе ги охрабри на спортскиот и здрав начин на живеење, а можеби некои од нив се веќе мотивирани да станат следните прваци.
Македонската триатлон федерација макотрпно работеше да ги подготви патеките за пливање, возење велосипед, трчање, да ги обезбеди сите потребни ресурси за учесниците од над 20 држави и да ја оствари логистиката за настаните. Од клучно значење беше и поддршката од Агенција за млади и спорт, општина Охрид и Македонски Олимписки комитет.