Оперативниот Општински штаб од Дебар, во кој е прогласена кризна состојба поради превенција од корона вирусот држеше повеќе часовна седница со маски.
Оперативниот штаб одлучи во рамките на законската обврска да ги извести сите деловни субјекти, јавни и приватни претпријатија, за нивната обврска да го активираат оперативниот план за управување со кризи, предвиден со законот за заштита и спасување член 35 став 7 и да ги преземат потребните мерки, информираат од Општината Дебар.
Општинскиот оперативен штаб ги повика граѓаните да не паднат на деформитети за одржување на мирот и да бидат солидарни.
“Снабдувањето на маркети со намирници нема да недостасува и ќе тече нормално, и немаа потреба да чувате резерви на храна дома“, велат од таму и упатуваат силни повици до жителите да се изолираат во своите домови и да внимаваат додека не се стабилизира ситуацијата.
Кризната состојба во Дебар и Центар Жупа е на сила, а меѓудругите работи тоа значи забрана за влез и излез од овие општини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шест лица од Дебар и еден странец во Битола се тестираат за корона вирусот
Пендаровски одлучи Армијата да биде ангажирана во Дебар и Центар Жупа
Нема влез и излез: Прогласена кризна состојба во Дебар и Центар Жупа поради корона вирусот
Фото: Општина Дебар