Мајка и ќерка од Тимјаник бараат помош по невремето од силен ветер и поројни дождови, што синоќа го зафати Неготино.
– Кровот ни прокиснуваше и претходно, но по невремето ситуацијата станува полоша и имаме штети од поплавата во и онака скромниот дом. Оштетен ни е и мебелот во домаќинството. Нашата сиромаштија стана уште поголема по невремето.
Страв ни е да спиеме во куќата, плашејќи се дел од кровот или целиот кров да не се урне, рече за МИА, мајката Мара Петрова, пензионерка.
Сите што сакаат да помогнат на мајката и ќерката, можат да се јават на телефонскиот број 077 635 242.
Неготинскиот градоначалник, Горан Стојанов истакна дека во текот на денешниот ден, ќе се формира општинска комисија за проценка на штети и комисијата ќе направи увид на лице место, со цел евидентирање на сите што претрпеле штети од елементарната непогода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Како изгледаше торнадото во Неготино
(Видео+фото) Невреме остави дел од Неготино без струја, однесени неколку покриви и оштетени домови
МИА/Фото: МИА