На новоизбраниот претседател Стево Пендаровски во петокот му беше последен работен ден, бидејќи утре тој треба да биде инаугуриран за претседател на државата на седница која собранискиот спикер Талат Џафери треба да ја свика во Собранието.
Тој на високата функција заминува од редовите на Американ колеџ, каде што беше професор.
Инаку, во текот на Отворениот ден, вчера студентите, професорите, членовите на управата и останатиот кадар на Универзитетот имаа и средба со него и му посакаа со успех да ја врши претседателската функција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој ќе присуствува на инаугурацијата на Пендаровски в недела
Фото: Фејсбук/Пендаровски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.