еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Фото) Прележаните од Ковид-19, може да имаат скриено оштетување на белите дробови

Некои луѓе со долг ковид, може да имаат скриено оштетување на нивните бели дробови, покажува една пилот студија на универзитетот Оксфорд, пишува Би-би-си.

Научниците користеле нов метод на скенирање со ксенон гас за да ги откријат абнормалностите на белите дробови кои не се идентификувани со рутински прегледи.

Истражувањето било вршено врз 11 луѓе на кои, не им била потребна болничка нега кога се заразиле со Ковид-19, но долго време ги чувствувале последиците на краток здив, што е чест симптом на долг ковид.

Според научниците, причините за чувство на недостаток на воздух, сепак може да бидат многубројни и сложени.

Луѓето кои биле хоспитализирани поради Ковид-19, исто така ги имале овие абнормалности.

Лекарите велат дека ова истражување открива зошто некои луѓе се жалат на тоа дека не можат да земат воздух и е значајно за нивната понатамошна рехабилитација.

Во тек е поголема, подетална студија за да се потврдат резултатите.

Фото: Оксфорд/Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 7: Расте бројот на лицата кои по третпат заболеле со Ковид-19

Редакција

(Видео) Хит политичка кампања во Србија: Вучиќ излегува од фрижидер

Редакција

Општина Тетово склучи договор со “Ереу транс“ вреден над 1 милион евра

Редакција