еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) При обид за искачување на Љуботен, тројца однесени од лавина

Alpinizam.org објавија текст насловен „Предупредувачко лавинско искуство“ во кое опишуваат настан која на 15 декември се случил на Љуботен.

Текстот го пренесуваме во целост:

„На 15ти декември, тројца пријатели прават обид за искачување на врвот Љуботен. Поради лоши временски услови, силен ветер и многу слаба видливост, на 100тина метри под врвот одлучуваат да се вратат, но во истиот момент, прават скршнување од патеката по која се качувале и несвесно – влегуваат во лавински терен.

Едниот од нив е однесен од лавина, по што се губи контакт помеѓу нив. Другите двајца се обидуваат да направат заобиколување на теренот за да можеби стигнат надолу да помогнат, но и нив по некое време ги зафатува лавина.

Во тој момент на немање контакт, а преживување на сериозна ситуација во слаба видливост (само 10тина метри) – двајцата продолжуваат со симнување на косовска територија, а човекот кој е првично зафатен од лавина, продолжува на македонска територија, при што повторно е зафатен од лавина и овој пат сам, со голема среќа – останува на површината доволно, за да може да се извлече.

Ова не е филм! Реалност! Во нашите планини! Кои понекогаш, знаеме да ги потцениме, а секоjа година не’ предупредуваат колку можат – во секунда невнимание, да приредат многу сериозни предизвици. Повеќе детали околу ова искуство, ќе споделиме во текот на следната недела.

Во моментов само споделуваме каде се случени лавините. И тоа:

– Зелените кругови се местата каде се случени лавините кои го фаќаат едниот од групата, а синиот круг е местото каде се зафатени другите двајца од групата…

– Портокаловата линија е заедничкото движење, највисоката достигната точка и моментот кога се скршнува од патеката.

– Црвената линија е патеката по која се движи/го носат лавини едниот од групата (патеката завршува високо во планината бидејќи снемува батерија часовникот)

– Жолтата линија е патеката по која се движат останатите двајца откако се случува првата лавина која го носи нивниот пријател.

Сите за голема среќа во оваа несреќа – живи и здрави уште истиот ден се враќаат во своите домови во текот на вечерните часови.“

фото: Фејсбук-страница на Alpinizam.org

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 почина новинарот Рефик Зенку, дописник на МИА од Кичево

Редакција

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, наутро магловито

Редакција

Обвинителство со детали за несреќата во Лепенец: „Фолксвагенот“ непрописно претекнувал и предизвикал возилото на косовското семејство да падне во реката

Редакција