еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Продолжениот Велигденски викенд го наполни Охридското крајбрежје со гости

Полни кафулиња и ресторани, радвиженост низ чаршијата и кејот. Ваква е сликата на продолжениот празничен викенд во најголемиот туристички центар во земјава, Охрид.

Туристите од соседството најбројни на брегот на Охридското Езеро, но не изостануваат ниту домашните гости. Со намалување на ковид- мерките интересот за уживање на охридско-струшката ривиера е зголемен. Полека, но сигурно се враќа сјајот од годините пред пандемијата.

– Охрид се повеќе наликува на годините пред пандемијата, раздвижен, полни ресторани и кафулиња, а по повеќе од две години може да се видат и задоволните и исполнети лица без маски, забележуваат охриѓани.

Но, прв пат годинава, за Велигден, дуќаните во охридската и струшката чаршија ќе останат затворени, поради новото законско решение за недела да е неработен ден.

Сместувачките капацитети во хотелите на охридско-струшката ривиера се исполнети 40 до 50 отсто, претежно странски гости, информира претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески.

Поголема е исполнетоста кај помалите хотели и приватните станоиздавачи, но дел од гостите се сместени и во сопствени викенд станови.

Од организираните гости, за Велигден, во хотелите на ривиерата, според Блажески, најбројни се Бугарите и Грците, а неизостануваат и индивидуалните посети на туристи од Србија и Албанија.

Велигденските и претстојните Првомајски празници, како и Рамазан Бајрам ќе го вратат сјајот на ривиерата и ќе влеат надеж, за успешна туристичка сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонците „навалија“ на Белград за Велигден: Србија топ-дестинација за продолжениот викенд

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „поцрвене“ по најавата на Груби: „А ќе мора ли после да се применува Бадентер у фирма?“

Редакција

Заврши потрагата по преживеани во Турција, почнува чистење на урнатините

Редакција

Соработникот на Димова, второобвинетиот Гочев призна вина, таа и Павлиду не

Редакција