Голем број на Македонци за празникот се во Србија. Белград е преполн, а зголемен е бројот на наши сограѓани и на другите туристички дестинации.
Според објавите на социјалните мрежи, но и според информациите на еМагазин, „Скопје е преселено во Белград“.
„Ќе останеме до понеделник, откако сме дојдени, со многу скопјани се сретнавме по беградските улици. Се одлучив за Србија, бидејќи за Грција се уште треба ПЦР-тест за влез,“ вели наша сограѓанка.
Вчера, за излез од Македонија кон Србија, на Табановце се чекаше неколку часа.
Зголемена фрекфенција на возила имаше и на граничниот премин Богородица, а во Солун исто така има зголемен број на посетители од Македонија.
Корона-кризата, но и добрососедските односи со Србија, влијаеја бројот на туристи од Македонија во Србија, се повеќе да се зголемува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Што да посетите кога сте на Златибор: Водопадот Гостиље и музејот на отворено Старо село
Фото: Unsplash