еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Продолжи отстранувањето на нелегалните тераси во Дебар Маало

Денес, Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, со полициска придружба постапуваше по 14 решенија за отстранување на нелегално поставена урбана опрема.

Акцијата опфати локали, кафе барови и други објекти кои нелегално имаат поставено урбана опрема (тераси, монтажни конструкции итн.), меѓу кои е и конструкцијата поставена пред ноќниот клуб Џубокс во Дебар Маало.

„Продолжуваме неселективно со борба против беззаконието и урбаниот хаос, со цел воведување на ред во поставувањето на урбаната опрема на јавен простор.

Повторно повикувам угостителите и одговорните лица да се придржуваат до законските решенија и правилници за поставување на урбана опрема“, велат од Инспекторат на Град Скопје.

Фото: Инспекторат на Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени угостител од Тетово и 18 Русинки, Србинки, Украинки…

Редакција

Не била само болката во ногата: Херојот Марко еден час пливал во место поради бранови и струења

Редакција

Посебен режим на сообраќај на подрачјето на Скопје денеска и утре

Редакција