еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Протест за декриминализација на марихуаната: Поддршка за Филип Достовски

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје.

Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ, Огнен Узуновски, рече дека судењето на Достовски, кој е првиот активист за легализација на марихуана, трае неколку години и го гледаат како причина за надополнување на предложените законски измени и декриминализација на канабисот.

„Со надополнување на законот ние сакаме да го прекинеме црниот пазар, да ја сопреме достапноста на канабис за малолетни лица и државата да има финансиски бенефит од самата билка. Сите корисници да бидат регулирани и пријавени во Агенција за канабис.

Да може секој пријавен возрасен над 21 година  да одгледува канабис дома, доколку е болен од посериозна болест да може повеќе. Да може секој пријавен и полнолетен член да поседува одредена количина во џеб на улица, да може да се отворат социјални клубови, преку кои билката ќе биде целосно регулирана и оданочена со 40 до 50 проценти“, изјави Узуновски.

Посочи дека ваквите измени на Законот за канабис, треба да бидат приоритет на новата Влада и еден од првите десет закони во Собранието.

МИА/Фото/МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(АУДИО) На You tube има уште две нови „бомби„

Редакција

Во згрижувачко семејство сместени децата кои беа оставени во автомобил во Ново Лисиче

Редакција

Koja e Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која е избрана за судија во Уставниот суд

Редакција