еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Фото) Разрешната потпретседателка на ЕП, Каили негира вмешнаност во скандалот, белгиската полиција објави фотографија со куп пари

Европратениците вчера ја разрешија грчата европратеничка Ева Каили од нејзиното потпретседателско место во Европскиот парламент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Гркинката Ева Каили, потпретседателката на Европскиот параламент, која е уапсена за корупција и перење пари

Вреќи со пари најдени во домот на потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили во Брисел

Таа моментално е во притвор, а преку нејзиниот адвокат, како што пренесува дописникот на еМагазин од Солун, негира вмешаност во скандалот со “корупција, поткуп и злосторничко здружување“, повразан со Катар, од каде исто така негираат било каква инволвираност.

„Таа нема никаква врска со финансирање од Катар, ништо, експлицитно и недвосмислено“, изјави Михалис Димитракопулос за телевизијата Open.

ПОВРАЗНИ ВЕСТИ

На Ева Каили, суспендираната потпретседателката на Европскиот парламент и членови на нејзиното семејство им го замрзнаа имотот

Каили со сопругот пред две недели основала фирма за недвижности

Белгиските обвинителите периодов по низата претреси соопштија дека пари во вредност од околу 600.000 евра биле пронајдени во домот на еден од осомничените, 150.000 евра во стан на европратеник и неколку стотици илјади евра во куфер во хотелска соба во Брисел.

Белгиската полиција пак вчера објави фотографија на која се гледаат купишта банкноти во апоени од 200, 50, 20 и 10 евра, или вкупно околу 1,5 милиони евра.

На прашањето дали се пронајдени пари во станот на Каили, нејзиниот адвокат за телевизијата Open одговори: „Немам поим дали се пронајдени пари или колку се пронајдени“.

Грчките медиуми информираа и дека се замрзнати и активностите на фирма за недвижности, основана пред две недели од Каили и нејзиниот сопруг во Атина.

Осномничените за мега скандалот денеска треба да се појават пред истражниот суд во Брисел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се освен Гркинката Ева Каили е уапсен во скандалот со корупција во Брисел поврзан со Катар

Фото: Министерство за труд на Катар/МВР на Белгија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има ли драстичен раст на бројот на етнички Бугари во Македонија?

Редакција

Од СЈО загрижени оти нема замена за Јанева и да не протечат прислушувани разговори

Редакција

Обвинителството го повлече обвинението за малата Тамара од Велес, Хелсиншки ќе се бори за правда во Стразбур

Редакција