еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) „Ренџ ровер спорт“ ќе ги пречека учесниците на „Самитот на Македонија 2025“

Аутомобили Гроуп, официјалниот импортер и дистрибутер за „јагуар“ и „ленд ровер“ во Македонија го поддржа „Самитот на Македонија 2025” кој се одржува во хотел Мериот од 7 до 10 ноември, а за време на истиот во надворешниот дел од хотелот го изложи најдинамичниот модел „Ренџ ровер спорт“.

Тридневниот самит е најавен како водечка регионална платформа за споделување на последните светски трендови во бизнисот, инвестициите, технолошките иновации и одговорното лидерство. За време на самитот ќе бидат спроведени дебати, за развој на Македонија во регионален центар за паметни технологии и значењето на странските инвестиции.

Покрај тоа на настанот ќе бидат разработени и најдобрите практики на економски успешните мали земји.

Најавени се повеќе од 400 учесници на самитот Македонија 2025 меѓу кои дипломати, бизнисмени, директори, академици и деловни експерти од дијаспората, претставници на меѓународните организации, како и банки.

Токму затоа најдинамичниот Range Rover Sport ќе ги пречека учесниците на самитот, бидејќи е дизајниран за да импресионира.

Возилото ќе биде изложено пред хотел „Мериот“ Скопје за време на целиот самит, a доколку сакате уште подобро да го запознаете или пробате овoj модел, направете го тоа веднаш кај овластениот увозник – Аутомобили Гроуп на ул. Скупи бр.8, 1000 Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Иван на кого му беше трансплантирано срце, си оди дома

Редакција

Базар на рачни изработки во Рамстор Мол

Редакција

(Фото) Македонскиот врвен модел Ивана Манас изработи моден едиторијал за престижниот ЕLLE – Грција

Редакција