еМагазин
Image default
Е-излог ТОП СТОРИИ

(Фото) Ретро стил во современа форма: Нова фотосесија за Bitsiani есен/зима 2018

Инспирирана од ретро мажот и вистинскиот џентлмен, новата фотосесија на брендот Bitsiani има винтиџ шарм кој доаѓа во модерна форма.

Класичните одела со современ крој кој ја следи линијата на телото, како и секогаш се надополнети со внимателно избрани модни додатоци кои му даваат специфичност на целосниот изглед. Боите кои се актуелна комбинација сезонава се сината и кафената, како и останатите земјени тонови кои доловуваат софистицираност и елеганција.

Црниот смокинг е неизбежен за секоја сезона и верен пријател на мажот за секоја свеченост. Во комбинација со префинети чевли, копчиња за манжетни и соодветни додатоци смокингот е задолжен за незаборавен, свечен изглед.

Помалку формалните комбинации вклучуваат слоевито облекување кое овозможува многу различни интерпретации на истите парчиња. Секој вистински џентлмен знае дека шапките се неизбежен дел од неговото облекување, па затоа предлог комбинациите за оваа сезона речиси секогаш вклучуваат и некаков вид на шешир или качкет.

Фотографиите се дело на Ани и Дими, главната улога во фотосесијата му припрадна на Андреј Клинчаров, додека пак шминката е на Зорица Николова.

Автентичниот амбиент за фотосесијата е новоотворениот кафе бар КОТУР во центарот на Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се тие еден процент од граѓаните кои ќе бидат опфатени со прогресивниот данок

Редакција

Обвинителство ја прекинува соработката со Антикорупциска поради „шемата“ која ја обелодени за неуспешната конфискација на имотот на „Трансмет“

Редакција

Испораката за Европа ќе доцни: Експлозија во еден од од најголемите американски терминали за извоз на течен природен гас

Редакција