Игор Талевски (43) од Скопје, член на Шри Чинмој Маратон Тим – Скопје, ја заврши само-поддржаната трка со велосипед низ САД, ТрансАм по „Транс Америка рута“ (Trans Am Bike Race 2021) со растојание од 6.920 км (4.300 милји) од западното до источното крајбрежје.
Рангиран е на 6. место од вкупно 42-ца учесници.
Трката се вози со велосипед низ САД, по „Транс Америка рута“ со растојание од 6.920 км од западното до источно кртоајбрежје, односно низ 10 држави.
Концептот на трката е така што целото возење мора да е самостојно, без поддршка од тим и трката е една етапа од почеток до крај – без застанување на часовникот.
МИА/Фото: Фејсбук/Талевски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.