еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Словенија испраќа 16 противпoжарни возила и 46 пожарникари

Најдоцна до утре се очекува во земјава да пристигнат 16 противпожарни возила и 46 пожарникари од Словенија за да помогнат во гасењето на пожарите.

Помошта од Словенија се реализира по вчерашниот телефонски разговор меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот словенечки колега Матеј Тонин.

„Се надевам дека ќе ги скротите огновите што е можно поскоро“, и напишал министерот Тонин на министерката Шекеринска, информирајќи ја за брзата реакција на сојузничката земја, соопштија денеска од МО.

Вчера министерката се заблагодари за помошта од соседните држави и НАТО сојузниците и рече дека Македонија може да смета на своите пријатели во неволја.

– Навистина ми е драго што колегата Тонин многу брзо реагираше позитивно, и по првичните најави за помош кои што дојдоа од Србија и Бугарија, имаме ист одговор и од страна на Словенија. Тоа покажува голема солидарност од страна на нашите сојузници и од соседите, рече министерката Шекеринска, стои во соопштението од МО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Србија повторно прва напомош: Во Македонија пристигнаа 4 хеликоптери за гаснење на пожарите

Фото: МО на Словенија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителката Ирина Трајкоска-Стрезоски избрана за нова директорка на Академијата за судии и јавни обвинители

Редакција

Шест лица не ја почитувале мерката за самоизолација, а 1.071 не носеле маски

Редакција

(Фото) Венците кои ги положија Македонците на гробот на Јане Сандански фрлени во контејнер

Редакција