еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Тиквеш ја донесе првата современа мобилна полнилница за вино во земјава

Винарската визба „Тиквеш“ воведе уште една технолошка новина во македонската винска индустрија – мобилно полнење на вино, информираат од таму.

Употребата на оваа технологија, која за првпат се применува во Македонија, но и пошироко на просторот на Западен Балкан, има големо значење за натамошното унапредување на квалитетот на вината произведени во винарници кои се наоѓаат во рамки на поседот каде се одгледува грозјето, т.н. бутик-винарници.

Пристигнувањето на првата мобилна полнилница за вино во Македонија е резултат на долгогодишната соработка на „Тиквеш“ со светски познатиот италијански производител на опрема за полнење на вино – „GAI“.

Првите вина што се наполнети со помош на оваа современа мобилна опрема се вината кои се произведуваат на поседот „Domaine Lepovo“, каде е лоцирана и истоимената бутик-винарница. Во неа се произведуваат вина  што се дел од бренд-платформата „Tikveš Châteaux & Domaines“.

Главната придобивка од употребата на мобилната технологија и опрема за полнење е во тоа што со неа се овозможува виното да се наполни во шишиња онаму каде што и се произведува, односно на самиот посед. На ваков начин со овозможува виното да го задржи својот висок квалитет, бидејќи се избегнува неговиот транспорт до оддалечените постојки за полнење.

„Полнењето претставува исклучително важен дел во процесот на производството на вино. Со неговото полнење на истата локација каде што тоа се произведува, преку користење на квалитетни и софистицирани мобилни линии кои ги задоволуваат највисоките стандарди, се задржува интензитетот на аромите во виното, се продолжува неговиот животен век т.е. времето на одлежување во шише, а виното успева многу подолг временски период да ја задржи свежината и автентичните карактеристики на поднебјето каде што се произведува“, објаснуваат енолозите на „Тиквеш“.

Ова е уште една од серијата технолошки новини што ги воведува „Тиквеш“ кои треба да придонесат за натамошно унапредување на целиот процес на производството на висококвалитетни вина согласно светските стандарди и барањата на потрошувачите на домашниот, а особено на странските пазари, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потврдени повеќе од 60 говорници на седмиот самит „Македонија 2025“

Редакција

Излезе книгата „Дидактика за родители“ од универзитетскиот професор Деан Илиев

Редакција

„Шумски животни“ тема на детските мултимедијални работилници на Skopje Design Week

Редакција