еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Љупчо Николовски и сопругата Андријана посакаа година исполнета со здравје, морални вредности, одговорност и солидарност

Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски и сопругата Андријана упатија честитка до граѓаните за Новата година.

„На неколку часа до Новата 2021-ва година, зад нас оставаме една тешка година, година која не исправи пред голем предизвик – да се справиме со пандемијата предизвикана од коронавирусот, а најважно да го заштитиме здравјето на секој граѓанин.

Година којашто не потсети на најважните вредности во животот, дека нема ништо поважно од заштитата на сопственото здравје и здравјето на најблиските, на моралните вредности, на општествената одговорност и солидарност.

Оваа година ја оставаме зад нас, да гледаме напред кон идната 2021-ва.

Во Новата година ви посакувам пред се добро здравје, љубов и многу моменти исполнети со среќа.Нека ни е среќна Новата година,“ напиша тој на неговиот фејсбук-профил.

Фото: Фејсбук/Николовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил судијата Зоранчо Мицевски, кој го разреши Судскиот совет

Редакција

На Попова Шапка утрово измерени -12 степени, снежната покривка е 78 сантиметри

Редакција

Партијата на Макрон под истрага, полицијата изврши претрес во седиштето

Редакција