еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Во Пелагонија ветер од 150 км/час, од невремето во Велес и Скопје паднати бандери, дрвја и оштетени автомобили

Невреме со грмотевици, град и поројни дождови имаше попладнево во Пелагонија, Велес, Градско и Росоман, информираат од Центар за управување со кризи (ЦУК).

На метеоролошката станица во Радарскиот центар Тополчани бил региструран удар на ветер од 150 км/час.

Додека, пак, на подрачјето на Велес во 16:50 часот во селото Каласлари имало запалено сено и паднати бандери.

Од ЦУК информираат дека невремето има направено штети и во с.Мартолци, Општина Чашка.

– Од ЈКП „Тополка“ има испратено екипи на терен за расчистување на местото викано Долги Рид, исто така има и паднати бандери за кои се задолжени ЕВН за нивно расчистување. За оваа настаната ситуација известен е и директорот на ЕВН, велат од ЦУК.

Попладнево невреме зафати и неколку скопските населби, а поради силниот ветар на неколку места е предизвикана и материјална штета, како оштетни автомобили и откорнати лимени покриви.

Фото: Општина Центар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ламбе Алабаковски ја обработи „Дејгиди луди млади години“

Редакција

Мицкоски ќе ја напушти политиката ако некој од партијата гласа за промена на Уставот

Редакција

Акциите на Комерцијална, НЛБ и Алкалоид најтргувани на Македонската берза

Редакција