еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Заев во рамки на самитот на НАТО имаше куса средба со американскиот претседател Бајден

Премиерот Зоран Заев за МИА откри дека вчера попладне на маргините на самитот на НАТО се сретнал со американскиот претседател, Џозеф Бајден, за кого ова беше прва лидерска средба во Алијансата откако стапи на оваа функција.

Зоран Заев го поканил Бајден во Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во интервју за МИА, кое ќе биде објавен во целост денеска, премиерот Заев открива дека остварил куса, но значајна средба со новиот американски претседател од кого добил охрабрувачки пораки, и најава за посета на Западен Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев на средбата со Радев во Брисел договорил посета на Софија неделава

Самит на НАТО во Брисел со прво учество на Македонија како полноправна членка

-Се видов и со претседателот Бајден, имавме прилика да поразговараме, разговорите беа прво за нашата енергетска поврзаноста, којашто ја правиме заедно преку проектот Александрополи, тоа е американско-грчки-македонски проект, но поразговаравме и за неговата посета на Западен Балкан.

Ја искористив приликата да го поканам, секако тој позитивно искоментира, кажувајќи ми дека го знае Западен Балкан, работел за Западен Балкан, ја има целата поддршка на Соединетите Американски Држави и секако во неговата агенда ќе планира некоја посета. Позитивно беше што беше информиран веднаш и веднаш честиташе за нашето членство во НАТО, изјави Заев за МИА.

-Навистина разговорот беше пријатен, како земји стратешки партнери во делокругот на вредностите, на демократијата, на напредувањето на сето она што значи квалитетен живот овде во Северна Македонија.

Затоа што навистина Америка тоа го правела сите овие 30 години, независност во нашата поддршка, а за мене и за нашиот народ е важно да продолжи таа поддршка.

Драго ми е што имавме прилика со него да поразговараме на вака значајни теми, коишто се преокупација и на Америка и на Европа, иако не сме членка на ЕУ, верувам дека подеднакво гледаат на сите нас, впрочем тоа и го покажа низ разговорите претседателот Бајден, раскажа премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) Оставањето вакум во нашиот дел од Европа не е опција, изјави Заев на Самитот на НАТО

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски

Редакција

(Видео) „Бекутан“ и децата од „Дајте музика“ со божиќна порака за сите генерации

Редакција

Гаши по средбата со Заев: Поприфатлив е натпартиски заеднички кандидат за претседател на државата

Редакција