еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Започна партерното уредување на кејот „13 Ноември“, еве како треба да изгледа

Сервисна улица на кејот на реката Вардар ќе може да се користи за сериозно ограничен број на возила, во временскиот период од 8:00 до 9:00 и од 14:00 до 17:00 часот.

Ова денеска го изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на почетокот на партерното уредување на кејот „13 Ноември“, на потегот од Градскиот плоштад, од зградата на Телеком до улицата „Стив Наумов“, на излезот кај хотелот „Холидеј Ин“.

-Заедно на овој простор предвидуваме и усогласено решение со луѓето кои овде имаат бизнис, тоа се угоститетелите со цел целиот простор да добие нов квалитет и нов изглед онака како што заслужува нашето Скопје, нагласи Шилегов.

Терасите, како што рече, кои ќе ги користат угостителските објекти ќе бидат унифицирани и ќе бидат поставени на начин кој ќе овозможи да дојде до израз дрворедот што го имаме на кејот од повеќегодишни дрвја.

Дотурот на роба ќе се овозможи исклучиво во определени часови, преку Градскиот трговски центар, а со велосипеди преку кејот „13 Ноември“.

Шилегов нагласи дека конечно се спречува самоволието и хаосот на непрописно паркирани возила кои, како како што рече, последните десетина години го правеше небезбедно и движењето на пешаците и работењето на угостителските објекти.

Проектот за партерното уредување на кејот „13 Ноември“ е вреден 88,6 милиони денари со вклучен ДДВ, а средствата се обезбедени од буџетот на Град Скопје. Рокот за изведување на проектот е четири месеци.

Се работи за површина од 12.500 метри квадратни, која ќе го поврзе Плоштадот со улицата „Стив Наумов“.

Предвидено е ново поплочување, патека за лица со инвалидност, дрворед, ќе бидат поставени клупи, нова урбана опрема, смарт-клупи, корпи за џебен отпад, нови жардиниери, канделабри, рефлектори за осветлување… Шилегов додаде ќе бидат ослободени повеќе места за велоспиедисти и за пешаците.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

50-годишен полицaeц од Демир Капија осомничен за родосквернавење врз сопствениот син

Редакција

Апел од ЦУК: Ризична зона на Матка, граѓаните да не се движат под карпата на десниот брег

Редакција

Две девојки тепале малолетничка, други две снимале со мобилен телефон

Редакција