Соседна Грција за прв пат во својата историја доби жена за претседател на државата, зад која застанаа сите главни политички фактори, вклучувајќи ја и опозицијата.
Станува збор за судијката Екатерини Сакеларопулу која има 64 години и ужива големи симпатии во јавноста, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екатерини Сакеларопулу избрана за прва жена претседател на Грција
Која е Сакеларопулу?
Според нејзината официјална биографија која ја објавија грчките медиуми, таа е родена во Солун.
Сакеларопулу е дипломиран правник. Правниот факултет го завршила во Атина, а спецјализирала на Универзитетот Сорбона во Париз.
Интересен детал од нејзината биографија е дека во 2018 година на предлог на сега опозиционата СИРИЗА, таа стана првата жена претседател на Советот на државата.
Грчките медиуми акцент ставаат и на нејзината борба за заштита на животната средина, љубовта за животните, а има и работно искуство како советник за образование и надворешна политика во Министерството за надворешни работи и во синдикатот на судии.
Аавтор е на повеќе книги и зборува англиски и француски јазик.
Сакеларопулу е разведена и е мајка на едно дете. Живее во Атина.
Фото: Сакеларопулу/Фејсбук