еМагазин
Image default
Забава

(Фото) Зоолошка градина Скопје доби уште една принова, се роди камила

Од Зоолошка градина Скопје денеска на нивниот Фејсбук-профил соопштија дека се родило бебе – двогрба камила.

– За првпат имаме бебе од видот двогрба камила (Бактријан) кое се роди пред една недела.

Малиот Буби одлично напредува, постојано е со неговата мајка Мираи, а со таткото Карлос во надворешното живеалиште ќе бидат заедно за околу една недела.

Тогаш и сите посетители ќе имаат можност да го видат ова најубаво бебе, велат од Зоолошка градина Скопје.

Во текот на изминатата недела во Зоолошката градина се родија и лама и лемур.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Во Зоолошката градина во Скопје се родија лемур и лама

Фото: Скопје ЗОО/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВО ЖИВО) Пет девојки пред излозите на Универзална сала Ви го носат шармот на борделите од Амстердам

Редакција

Божиќен концерт на 6. јануари на плоштад „Македонија“ во Скопје

Редакција

На 6. септември почнува концертниот караван „Македонијо, во срце те носиме”

Редакција