еМагазин
Image default
Македонија

Француска инцијатива нема, Османи не верува дека Македонија и Албанија ќе се раздвојат на патот кон ЕУ

Шефот на дипломатијата Бујар Османи не очекува да се случи раздвојување на Албанија и Северна Македонија на европскиот самит во декември на кој повторно ќе се разгледува дали двете земји ќе почнат преговори со Европската Унија.

– Се надевам дека сериозноста ќе биде на последиците од ова одложување, од ова неефектуирање на сопствените одлуки од страна на ЕУ, кои што значително ќе влијаат на довербата на самата Унија во регионот и ќе доведе до ситуација и двете држави да почнат најдоцна во јануари со преговорите, рече Османи во разговор за Топ тема на Телевизија Телма.

Тој посочи дека во 2019 година двете земји беа во обратна позиција кога ние требаше да се движиме, а Албанија немаше поддршка од неколку земји членки и тогаш беше прашањето дали да се издвои Северна Македонија.

Смета дека во интерес на двете држави е да се држат заедно, бидејќи создаваат синергија и даваат една регионална динамика, една регионална компонента на процесот дека ова не е само демократски процес, туку и политички процес.

За тоа дали има француска иницијатива за надминување на спорот со Бугарија, Османи вели дека тоа било извадено од контекст од изјавата на вицепремиерот Артан Груби, но оти во последно време е видлива една француска проактивност во изнаоѓање на решение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постои француска иницијатива за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија, тврди Груби

Бугарското МНР не е информирано за француската иницијатива за решавање на спорот со Македонија, која ја спомнува Груби

– Тоа е добро за регионот и за европската перспектива на регионот имајќи ја предвид тежината на Франција во ЕУ и навистина тоа го гледавме кога го посетивме претседателот Макрон во Елисејската палата, меѓутоа и низ сите мои средби.

Јас го сретнав и францускиот колега Ле Дријан и навистина се гледа една проактивност на Република Франција, а имајќи ја тука предвид и проактивноста на Германија, која што е константна и силна, кога двете најсилни држави на ЕУ покажуваат таква проактивност се разбира дека дава надеж на целиот регион дека сепак овој процес има иднина, рече Османи.

Осврнувајќи се на приоритетите на претстојното француското претседателство со Советот на ЕУ, кои ги претстави претседателот Емануел Макрон, шефот на дипломатијата рече дека сепак е добро што тој го извдвоил делот за Западниот Балкан и неговото значење за ЕУ како географски, историски, културолошки, економски дел од Европа, кој еден ден мора да биде дел од Унијата.

– Сите што го следат процесот знаат дека ЕУ со регион надвор од неа, ниту може да биде геополитички фактор во светот, ниту стабилна и просперитетна, вели Османи.

Запрашан за тоа дека Бугарија веќе го потврди своето вето за старт на преговорите со одлуката за неменување на позициите во однос на Северна Македонија на декемврискиот Совет за општи работи, Османи рече дека тоа е став на техничката Влада во Софија.

– Во преговорите има и одредени тактички позиционирања со цел да се изгради подобра позиција за секоја од страните. Јас повеќе го сакам пристапот на доверба и отворен и транспарентен разговор отколку на тактички позиционирања. Ние сме сепак најблиски соседи и треба да живееме заедно, вели Османи.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Лидерот на Алтернатива, Гаши се сретна со Заев во Струмица, поводот за средбата непознат

Редакција

Пендаровски: Да се разграничи што е политички, а што историски критериум за влез во ЕУ

Редакција

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од Идризово

Редакција